Кој се роди во март, тој е посебен: Дали и Вие сте меѓу овие среќници

Се ближи крајот на тмурните зимски денови а пролетта мириса на секој чекор. Тротоарите веќе нема да бидат замрзнати, а цвеќињата наскоро ќе почнат да цветаат.  Овој месец е прекрасно време да станете мајка и прилично добар месец да се родите.

Еве што вели науката за луѓето родени во март:

Многу е веројатно дека тие ќе напредуваат на листата на корпорациите

Луѓето родени овој месец најверојатно ќе седнат во директорското столче. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори родени во март е поголем отколку во кој било друг месец.

Една студија докажа дека од 375 извршни директори, 12,5% се родени во март. Се верува дека ова е поврзано со тргнувањето на училиште, бидејќи децата од март се почесто постари од другите во класот.

Тие се помалку склони кон проблеми со видот отколку нивните братучеди родени во лето

Додека родените во јуни и јули треба да ги проверат диоптрите, бебињата родени во март најверојатно нема да ги имаат овие проблеми. Студија направена врз 300.000 војници открила дека родените во текот на летото се со поголема веројатност да бидат кратковидни, додека децата родени во пролет ретко ќе имаат проблеми со диоптрија.

Тие се природно оптимисти

Анкета од 2014 година покажа дека луѓето родени во март (како и оние во април и мај) скоро имаат природен вроден оптимизам. Резултатот од истражувањето покажа дека тие имаат најпозитивен поглед на светот.

Тие имаат помал ризик од развој на астма

Во овој период од годината има многу прашина и иако е иритирачки за оние со алергии, таа е одлична за бебињата родени во март. Според студија од 2015 година, децата родени во овој месец имаат помала веројатност да страдаат од астма затоа што изложеноста на овој вид во раното детство го зајакнува нивниот имунитет.

Тие се веројатно ноќни птици

Една студија за спиење покажа дека децата родени во пролет и лето обично легнуваат подоцна отколку оние родени есен и зима.

Во хороскоп ќе бидат Риби или Овен

Овие два астро-знака се познати по својата решеност и страст. Родените помеѓу 1 и 20 март се познати како оптимистички риби, додека родените по 20 март припаѓаат на пролетниот Овен. Овните се познати како огнени и страствени луѓе.

Тие се многу интуитивни

Бебињата родени во март се паметни и тешко дека ќе ги „манипулирате“. Покрај тоа, бебињата родени овој месец се многу интуитивни и знаат да почувствуваат кога некој „готви план против нив“ а се подготвени и да го возвратат ударот.

Тие имаат златно срце

Родените во март растат во дарежливи и допадливи луѓе. Нивното големо срце и дарежливата природа предизвикуваат воодушевување кај луѓето околу нив, што може уште повеќе да ги мотивира да прават добро. Затоа, немојте да се изненадите ако вашето дете се одлучи за некој вид на волонтирање кога ќе порасне или еден ден ќе ви каже да патувате на другата страна на светот за да им помогнете на оние на кои им е потребно.


(Извор: Stil.kurir.rs-espreso.co.rs

Фото: freepik.com