Жената со тело на Божица во 5-та деценија изгледа како да има 20 години: Поради овие намирници старее наназад и пука од здравје
Жизел Бундхен е бразилска манекенка која со години ги тера
мажите да воздивнуваат на модните писти и насловните страници на списанијата.
Сега 43-годишната дама на своите
обожаватели им ги откри своите навики во исхраната, споделувајќи со нив
што го сочинува нејзиното „мени“ во текот на денот во нејзината најпродавана
книга за готвење „Nourish“.
Жизел Бундхен на Инстаграм сподели детали за нејзините омилени зачини кои и помагаат да остане во добра форма.
- Храната е најдобриот лек. Чувствував голема разлика во мојот живот кога почнав подобро да ја избирам храната – открива таа.
Оваа бразилска убавица откри на кои специфични вкусови се потпира. Жизел не може без ѓумбир, кој го помага варењето и има антиинфламаторни својства, додека магдоносот содржи антиоксиданси и дава „добар здив“, пишува Daily Mail.
Покрај овие зачини без кои не може да замисли ниту еден ден, бразилскиот супермодел истакнува дека и рузмаринот е високо на нејзината листа бидејќи го стимулира имунолошкиот систем и го подобрува варењето. Повеќето од нас знаат колку куркумата позитивно влијае на нашиот организам, а многу жени не ја пропуштаат можноста да не ја користат при подготовка на многу јадења.
Така и Жизел, која смета дека овој егзотичен зачин е добар за здравјето на срцето. Босилекот е моќен антиоксиданс, а црниот пипер помага во апсорпцијата на хранливите материи.
Покрај овие, на нејзината листа се најдоа и оригано и цимет, кои ја подобруваат циркулацијата. Таа смета дека консумирањето непреработена храна, полна со витамини и хранливи материи, ни помага да останеме здрави и да се чувствуваме добро, пишува Среќна република.
Жизел со години важи за една од најатрактивните жени на модната сцена. Покрај исхраната, на која е особено посветена, таа често во своите објави на социјалните мрежи споделува дека сака да тренира и медитира.