„Станав милионер без А1, но останав без милионите поради А1, Црвенковски не ме предаде“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

Добивај вести на Viber

Станав милионер без А1, но останав без милионите поради А1, вели Велија Рамковски, некогаш познат и моќен бизнис магнат, кој со својата А1 успеваше да ги контролира економско-политичките текови во државата, во најновиот поткаст Бизнис муабети, кој во текот на утрешниот ден ќе се емитува на порталот Фактор.

Како од најмоќен бизнисмен и милионер стигна до затвор. откриваме во поткастот Бизнис муабети со Велија Рамковски. Зборува за А1 Телевизија, а ќе можете да ја слушнете и неговата емотивна исповед за престојот во Шутка и Идризово. Дали повторно би ја отворил А1 Телевизија, но и колку пари има денес Рамковски. Сето ова, но и многу други интересни новини ќе можете да слушнете во утрешното издание во Бизнис муабети, само на Фактор, со познатиот водител Мишко Иванов.

Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.