Кој вели дека длабок шлиц не е за дами во осмата деценија? Неда Украден демонстрира стил + ги покажа внуците
Пејачката избра фустан што ја истакна нејзината беспрекорна фигура!
Неда Украден успешно одржува беспрекорна линија и неодамна зборуваше за тоа како успеала да го отстрани вишокот килограми за краток временски период:
- Решив да ослабам со липосукциска диета. Пиев здрави шејкови на секои четири часа и претежно јадев месо и многу салата. Исто така, сакам да готвам риба, така што таа често е на моето мени. За кратко време ослабев четири килограми и сега сум целосно задоволна од својот изглед - изјави неодамна таа.
А и како да не е задоволна, кога изгледа прекрасно.
фото:Antonio Ahel/ATAImages
На настан за промоција на нова песна, пејачката избра долг праска боја фустан со блескав сјај, а впечатлив беше деталот во форма на златен ланец околу половината. Покрај тоа, фустанот има длабок шлиц, од двете страни со што Неда докажа дека овој модел на фустан може совршено да одговара на секого, и дека возраста е навистина само бројка.
Таа ги покажа и нејзините внуци кои беа на настанот:
Дел од атмосферата на настанот:фото:instagram
извор:GLOSSY
Ова е ќерката на Неда Украден: Има 41 година, три деца и е вистинска убавица (ФОТО)