Кој вели дека возраста е граница? 90-годишна баба танцува на свадба: Нејзината внука седи оти ја „болат нозете“!

Добивај вести на Viber

Низ неколку земји на Балканот е познато дека нема добра прослава без оро, а камоли свадба. Модерните младенци сè повеќе го избегнуваат овој вид музика, но нашите постари се тука да не‘ потсетат како треба да изгледа вистинската прослава и радост.

Бабите и дедовците кои се гости на денешните свадби често имаат повеќе енергија и ентузијазам, особено кога се во прашање ората, па една 90-годишна баба ѝ одржа лекција за оро на својата внука и на другите помлади гости.

Таа се дотерала за свадбата, и не сакала да го пропушти орото.

@shepherdess__ mladost u dui   #fyp #uzickokolo original sound - shepherdess

-Баба ми (90) скока на орото, а јас (33) се жалам како ми се отечени стапалата од двочасовното возење - напишала нејзината внука во описот на видеото кое го објавила на Тикток.

Видеото воодушеви многумина. 

- Браво бабо, да си жива и здрава. Јас го играм до крај, но потоа еден час не станувам, душата ми е во носот - пишува во еден од коментарите.

- А, големо браво за бабата, а и тетката до неа не се дава! Секоја чест дами! - додава друг во коментар.


Фото и Видео: ТикТок