Актуелно // Insta вести
Која е која? Лара Иванова или Лара Крофт: Македонската пејачка копија на холивудската актерка
- 13 Мај, 2024
Младата и атрактивна пејачка со извонреден глас Лара Иванова во црни бикини и опрема за рафтинг, е фотографирана како позира пред преубав кањон во Турција.
На фотографиите Лара изгледа исто како познатата холивудска актерка Анџелина Џоли од филмот „Tomb Raider“.
На фотографиите кои ги објави Лара напиша „Ден за рафтинг на Лара Крофт“. Освен што имаат исто име, на фотографиите Лара наликува на Анџелина Џоли каде го глуми ликот на Лара Крофт.
Инаку пејачката беше на патување во Турција со неколку нејзини колешки од каде на социјалните мрежи објавуваа фотографии и видеа како се забавуваат.
Фото: Инстаграм