КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО ЌЕ ДИРЕКТОРУВА СО ГИНЕКОЛОГИЈА? Имала просек 9,97, стручно усовршување во неколку реномирани центри

Добивај вести на Viber

Ирена Алексиоска Папестиев е новиот директор на скопска Гинекологија. Завршила Медицински Факултет на УКИМ во 2006 г., како најдобар студент на генерација со просек 9,97 за што добива награда од УКИМ и Македонско Лекарско Друштво.

Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерства на која има долгогодишно работно искуство од 2007 г. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани Центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија и Хрватска. Повеќе на Фактор.мк