Која подобро го носи: Карлеуша и Софија Вергара во ист ден носеа идентичен фустан (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Две мега популарни дами кои се омилени и кај машкиот и кај женскиот род, како поради надарените облини и совршени пропорции на телото, така и поради нивното истакнато чувство за мода.

Фактот дека Балканската дива Јелена Карлеуша и холивдската актерка Софија Вергара, носеа ист фустан во ист ден кажува многу за нивниот сличен вкус за мода. 

Иако, Карлеуша повеќе пати истакнуваше дека не гледа во цената кога станува збор за облеката, несомнено е дека сепак претпочита скапи брендови. Еден од нејзините омилени е Версаче, а овојпат издвои дури 1.300 евра за совршениот летен фустан кој го носеше во приватниот авион со кој слета во Охрид за концертот кој го одржа на 4-ти јули.

Истиот фустан го носеше и актерката Софија, за прославата на 4-ти јули, Ден на независноста на САД.

И двете е одлучиле за мали чанти во живи бои, додека кога станува збор за чевли, Вергара одбрала транспарентни потпетици, додека Јелена носи чевли во лаванда боја.

И на двете фустанот им стои како правен за нив.



Што мислите вие, која подобро го носи?