Која тајна ја крие вашиот куќен број? Во домот кој носи број 4 се чести караниците, во број 2 сѐ нешто тече, а еден број носи слога и љубов

Добивај вести на Viber

Во нумерологијата, дури и бројот на куќата во која живеете кажува каква енергија има. Секој број има уникатно значење и силно влијание врз луѓето кои живеат во тој дом.

Како да го пресметате бројот на вашата куќа?

До овој број ќе дојдете со едноставно собирање. Ќе го земете предвид бројот на зградата или бројот на куќата, доколку се работи за станбена зграда и бројот на станот во кој живеете. Ќе го соберете сето тоа и ќе го намалите на едноцифрен број, а потоа ќе го додадете тој број на бројот на вашиот биоритам. На овој начин ќе дознаете каква енергија има во вашиот дом, какви ефекти има таа врз вас и како да ја зголемите добрата енергија.

На пр.

Бројот на зградата е 47 = 4 + 7 = 11 = 2

Бројот на станот е 4 4 + 2 = 6

Биоритам = ден + месец на раѓање

На пример, ако сте родени на: 23.09.2 + 3 + 9 = 14 = 5

На крајот додавате: 6 (број на зграда и стан) + 5 (биоритам) = 11 = 2 (енергија и аспекти на домот)

1 - овој број носи знак на индивидуалност и оригиналност

Често има бројни идеи, започнување нови проекти, предизвици кои се постигнуваат со голем успех. Сепак, колку и да е добар бројот 1 од финансиска гледна точка, тој носи помал успех во емотивниот живот. Ја поттикнува осаменоста и критикувањето на другите. Единицата исто така носи неодлучност за некои важни животни одлуки. Затоа е добро да ја декорирате куќата во златни, жолти и потемни зелени тонови, бидејќи тие ги засилуваат позитивните влијанија.

2 - овој број ги симболизира промените

Во овој дом ретко е досадно и монотоно. Обично тоа е едноставен дом со примеси на неуредност и лежерност. Двојката поттикнува љубов, а членовите на домаќинството често работат од дома или носат работа во домот. Нивниот интерес е во сферата на технологијата, патувањето, алтернативната медицина или езотеризмот. Тука може да има и избрзани и погрешни деловни потези, па тие имаат можност постојано да почнуваат од нула. Позитивните влијанија се поттикнуваат со постојано проветрување, со многу светлина и фрлање непотребни работи. Во овој дом има чести проблеми со водата, на пример, казанчето во бањата прокиснува, а тоа мора да се поправи за да не течат пари, бидејќи сакаат да трошат.

3 – овие често се перфекционисти

Тие се љубезни и лојални пријатели, духовити и донекаде екстравагантни. Нивните ставови се цврсти за личната слобода и религијата. Склони се кон претерано трошење. Сините тонови и дрвото се добредојдени во нивниот дом, што ги засилува позитивните енергии. Тие мора да бидат рационални и практични.


Следна страна