Коки и Росана се разведуваат

Добивај вести на Viber

Коки Јанков кој се прослави со дуото „Дуле и Коки“ по десет години брак се разведува, информира естрадниот магазин „Ексклузив“ кој се емитува на „1ТВ“. 

Популарниот музичар и неговата сопруга Росана, инаку портпарол во АМСМ, ја имаат ќерката Лара. Мотивите сѐ уште не се познати, но „1ТВ“ дознава дека бракоразводната постапка е во тек.