Колинда, ти ли си? Го врати времето наназад, манекенка не ѝ е рамна

Добивај вести на Viber

И додека членовите на ХДЗ се борат за власт, на поранешната претседателка на хрватска Колинда Грабар Китаровиќ ѝ оди доста добро во бизнисот. Таа го доставила финансискиот извештај за 2023 година и прикажала вкупен приход од 219,3 илјади евра, а добивка од 146,9 илјади евра. Целиот приход го остварувала од „извоз“.

Грабар Китаровиќ ја започна својата претприемничка кариера на крајот на 2022 година, кога регистрираше компанија наречена KGK Advising & Professional Services d.o.o. во која таа е основач и директор. Таа година за неполни два месеци постоење пријавила приход од 28,4 илјади евра и добивка од 24,7 илјади евра.

Компанијата е основана со седиште на адресата на нејзиниот стан во Загреб на улицата Бауерова, чиј единствен сопственик е таа. Компанијата е регистрирана за голем број дејности, но оние кои главно се однесуваат на бизнис и менаџмент консалтинг, истражување на пазарот и испитување на јавното мислење, публицитет, обука за говорна комуникација... 

Нејзината компанија нема официјална веб-страница, но Грабар Китаровиќ понекогаш објавува на социјалните мрежи. Да потсетиме, таа неодамна се споменуваше како директор во компанија во Англија, заедно со поранешниот претседател Стјепан Месиќ, но потоа беше откриено дека дуото не ни знаело дека сопствениците на компанијата ги пријавиле како директори бидејќи на почетокот тие требаше да имаат само советодавна улога.

Во најголем дел, очигледно е дека Грабар Китаровиќ не планира да се врати во политиката, туку сака да изгради сопствена компанија.

Но, она што најмногу зачудува, е нејзиниот изглед. Како да е друга жена. Колинда во времето кога беше претседателка и Колинда денес. Ваква трансформација не сте виделе. Изгледа преубаво, па дури и совршено. Незината „реинкарнација“ ја препишува на здравата исхрана и вежбањето, но никој не верува во тоа...

Погеднете ја:

Фото: Фб- Колинда Грабер Китаровиќ