Колку часа спиете во текот на ноќта? Дознајте дали ви се заканува мозочен удар

Добивај вести на Viber

Професори од Кина направија интереснио истражување во кое вклучија дури 31.750 возрасни луѓе, со просечна старост од 61 година. Нивна задача било да ги откријат своите навики кога е спиењето во прашање.

Во текот на шесте години колку што траело ова истражување од областа на медицината, експертите откриле 1.438 мозочни удари, а 110 случаи биле токму помеѓу овие испитаници.

По разгледувањето на статистичките резултати од оваа анкета, возрасните кои рекле дека спијат девет или повеќе часови во текот на ноќта имале 23 отсто поголеми шанси да доживеат мозочен удар, за разлика од оние кои спиеле помалку од осум саати.

Исто така, кај учесниците во ова истражување кои секој ден дремнувале повеќе од 90 минути, се покажало дека се соочуват со поголем ризик од цели 25 отсто подоцна да доживеат мозочен удар, за разлика од оние на кои попладневната дремка не им трае повеќе од половина час.

Секако, ова не значи дека автоматски оние што спијат подолго се склони на мозочен удар. Ако некој редовно спие девет часа во текот на ноќта, но и понатаму има потреба од сон во текот на денот, тоа може да биде сигнал и дека нешто друго се случува во организмот.

Сите ние понекогаш чувствуваме замор, но ако високо ниво на исцрпеност чувствуваме секој ден, време е да се обратиме кај својот матичен лекар.