Колку често ја менувате долната облека? Никој не го следи ова правило

Интимната хигиена е исто толку важна како оралната или капењето. Првата линија на одбрана од бактерии и инфекции е нашата долна облека. И додека некои го менуваат секој ден, други го прават тоа само неколку пати неделно.

Но, што се случува кога станува збор за целосно менување на асортиманот на долна облека во плакарот? По колку време треба да ја замениме старата долна облека со нова?

Според научните истражувања и зборовите на експертите, долната облека треба да се менува на секои шест месеци. Важно е секогаш да имате идеја за тоа кога да се купат и заменат старите залихи, за да се избегнат какви било потенцијални здравствени непријатности.

Ако моментално поседувате многу долна облека, во ред е да купувате нова еднаш годишно, не мора на секои шест месеци.

Многумина не ја менуваат доволно често долната облека, што може да предизвика разни здравствени проблеми. Експертите велат дека алиштата не треба да бидат постари од една година.

Гинекологот Чавон Момон Нелсон е со спротивно мислење и вели дека не постои правило според кое по тој распоред треба да се фрла долната облека, но дека дефинитивно треба да се води сметка за хигиената. Во полемиката која се водеше на социјалните мрежи, имаше корисници кои рекоа дека не се сеќаваат кога последен пат купиле долна облека, а со години ја носат старата.

„Јас сум на факултет и имам долна облека од седмо одделение“, „Пет години ја носам истата долна облека“, „Кој друг толку често менува долна облека?“, беа само дел од коментарите.

Колку често треба да ја перете долната облека?

Во принцип, секој пар долна облека треба да се пере веднаш по нивното носење, за да избегнете бактерии да останат на материјалот.

Исто така, при перење алишта, без разлика дали е рачно или машинско, важно е да се користи висока температура на водата, како и прав и омекнувач кои се наменети за овој тип на облека.

Фото: www.freepik.com
Извор: www.b92.net