КОЛКУ МОЖЕ ДА БИДАТ ОПАСНИ „ЛЕТНИТЕ“ БАКТЕРИИ: Симптоми, компликации и лекување
Многу микроорганизми, односно бактерии се штетни и полесно се активираат во текот на летните месеци, но за среќа, оваа година, летото се уште не е во полн ек, засега немаме екстремно високи температури, а со тоа нема ниту зголемен број на случаи со вакви бактериски инфекции, вели во разговор за Фактор, м-р Петре Витанов, директор на Центарот за јавно здравје-Струмица.
Според него високите температури за време на летниот период овозможуваат побрзо размножување на микроорганизмите, а како што посочува изолатите од брисевите од нос и од грло, најчести се стрептококните инфекции, како и спорадични случаи на Haemophilus influenzae.
-Оваа бактерија е присутна во носот и во грлото и се активира при настинки. Симптомите зависат од тоа кој дел од телото е заразен со бактеријата, но главно тоа се покчена температура, главоболка, закочен врат, гадење, повраќање и поспаност, недостаток на енергија, губење на апетит. Откако ќе се потврди со брис од носот или од грлото, се прави антибиограм за да се види на кој антибиотик најдобро реагира и успешно се лекува, вели Витанов. Повеќе на Фактор.мк
Фото: freepik