Комплекс Ветрило: Дом за своја душа, и најниска фиксна каматна стапка од 2.7% за кредит со Силк Роуд банка до 30 јуни

Добивај вести на Viber

Урбана оаза, живот во мирна и еколошка средина. Токму тоа може да го најдете во комплексот кој веќе е во завршна фаза на изградба а се наоѓа во близина на општината во с Сопиште. Комплексот Ветрило нуди живеалиште во чиста, здрава животна средина со величествен поглед на југозападните падини на планините Китка, Караџица и Јакупица со врвот Солунска глава.

Местото привлекува внимание уште од прв поглед па оттука ќе ви кажеме и дека станува збор за внимателно осмислен нов концепт на куќи кои ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. И самото име Ветрило кажува дека ова е место каде ветрот не дозволува да се задржува смог и штетни честици во воздухот. Проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град. Со купување куќа во комплексот Ветрило трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер. Куќите кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водени лудории архитектите осмислија и простор за базен. Ветрило е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.

Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом. 

Оние кои се одлучија да се вдомат во овој комплекс,  веќе размислуваат за внатрешното уредување. Секако инвеститорот ,,ИНТЕРСОФТ ЛТД”, со својата спремност и сопствениот тим од архитекти и тука им нуди помош на своите клиенти преку најразлични совети.

Ако и Вие размислувате за едно вакво инвестирање, тогаш ова е вистинско време бидејќи Силк Роуд Банка во моментов има станбен кредит со најниска фиксна каматна стапка од 2.7% и без манипулативни трошоци и трошоци за проценка што го прави овој објект вистинска животна инвестиција. 

Сите детали околу станбениот кредит може да ги прочитате на овој линк.

И да, не заборавајте дека со Силк Роуд банка кредитот повеќе не претставува грижа -  единствена грижа ви е да изберете само добри соседи.