Конечно: По напорниот период, Стефан - Некст тајм ужива во љубовта (Фото)

Добивај вести на Viber

Стефан Филиповски или едната половина од дутото Некс Тајм, периодов, по големиот концерт во арената Борис Трајковски и турнејата во Австралија, замина на заслужен одмор со својата сакана. Тој веќе неколку години ужива во љубовта со убавата Тинеа од Белград.

Она што е интересно е тоа дека Стефан и Тинеа по речиси две години повторно се фотографираа на исто место во истото кафуле во Виена.

Иако годините ги промениле физички, страста, љубовта и оној сјај во нивните очи сеуште е ист.


-„Најубави“, „Заслужувате одмор“, „Преубав пар“... се само дел од коментарите на следбениците кои со години верно ја поддржуваат нивната љубов.


Дали по стапките на својот постар брат и Стефан ќе го каже судбоносното да наскоро, останува да видиме. Она што сепак е најбитно е тоа што тој ужива во љубовта со својата избраничка која му е вистинска поддршка, патем воопшто нема проблем со тоа дека Стефан е еден од најпосакуваните пејачи на естрадата.



Фото:StefanFilipovski/Instagram