Конкуренција, стечај и враќање на голема врата на светскиот бренд Converse

Добивај вести на Viber

Познатите светски јавни личности и покрај различните стилови кои ги имаат и бројни светски брендови со кои имаат склучени договори со вртоглави суми, сепак со задоволство им се враќаат на популарните старки , кои за кратко време од претприемачки потфат станаа еден од најбараните светски брендови.

Корените на Converse 

Оригиналната Converse фирма ја основал Маркис Милс Конверс во Масачусетс во 1908 година и ја нарекол „Converse Rubber Shoe company“. Првите неколку години компанијата, која во почетокот правеше само гумени чевли за мажи, жени и деца, била доволно профитабилна, што го поттикнало создавањето на Converse како препознатлив бренд. Пресвртот во развојот на оваа компанија бил во 1917 година кога Converse почнал да прави кошаркарски патики. Фирмата тогаш го променила името во „Converse All Stars”.

Кога кошарката во 1936 година е зацврстена во олимиски спортови, патиките кои дотогаш биле познати само во потесните кругови на јавноста, доживеале целосна експанзија, која кулминирала откако Америка ја победи Канада на еден натпревар.

Чак Тејлор - човек кој е заслужен за блескавиот успех на старките

Откако брендот се одомаќинил во кошаркарската арена, тогаш популарниот кошаркар Chuck Taylor - Чак Тејлор влегол во оваа компанија жалејки се на болка во нозете. Воодушевен од удобноста на овие патики, Taylor се согласил да ги носи и промовира.

Ова е шанса за која претприемачите главно сонуваат. Кога позната личност ќе тропне на вашата врата и од вас ќе побара помош, искористете ја таа шанса на најдобар можен начин. 

Откако произведувачот ги усвоил сугестиите на Тејлор за креирање на нови модели патики, тие го добиле и неговиот препознатлив потпис на зашиена етикета. Историски гледано, неговите патики беа само во црна и бела боја, но денес може да се најдат во комбинации на боја која и да ја посакате.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк.