Короната не бира: Ми почина сопругот, а јас не можам да си простам

Што се случува кога еден од сопружниците ќе умре од корона?

Една жена побарала совет бидејќи била очајна за смртта на нејзиниот сопруг.

„Го заразив мојот сопруг со ковид, а сега тој е мртов.

И двајцата бевме многу внимателни од почетокот на пандемијата: едвај излегувавме од куќата во последните две години. Сега имам 42 години, а тој ќе имаше 51 да останеше жив.

Но, јас добив корона летово, откако се вратив на работа. Една недела подоцна, тој почна да кашла, а набрзо доби и висока температура.

Легна во кревет и никогаш не се опорави. Почина набргу потоа во болница. Секој ден мислам само на него. Чувството на вина е неподносливо.

Не можам да се сетам на ниту еден среќен спомен, само се чувствувам виновна, затоа што ја донесов короната во нашата куќа.

Се заклучувам во нашата куќа навечер и плачам затоа што знам дека нема да се појави. Сето тоа е премногу потресно!“


Оваа објава се појави на „The Sun“, под рубриката „Драга Деидра“, позната по советите за очајните луѓе. Еве каков одговор доби оваа жена:

„Жал ни е за вашата загуба. Нормално е да се чувствувате лошо, некој ваш близок починал, но тоа не е ваша вина. Бидете љубезни со себе. Размислете да побарате стручна помош за да ја надминете вината и да си помогнете да тагувате за вашиот сопруг на вистинскиот начин“.

Како би ја советувале оваа жена?


Извор: стил.курир

Фото: Shutterstock

Потресна исповед: Поради лекарска грешка го изгубив сопругот, а нашето дете ќе порасне без татко