Коронавирус карантин: Пет начини за успешно работење од дома

Добивај вести на Viber

Илјадници луѓе ќе работат од дома можеби и за прв пат оваа недела заради појава на коронавирусот. 

Кој е најдобриот начин да останете ефикасни и успешно да ја извршувате работата во услови на карантин?

Облечете се
За некои луѓе, тоа што ќе останат во нивните пижами цел ден е најдобриот аспект на работа од дома, но, миењето и облечувањето не само што ќе ја подобрат вашата состојба на умот, туку психолошки ќе ве подготват да започнете со работа.

 Воспоставете граници
Доколку сте вработени во компанија, веројатно имате сет часови на работа, и важно е да се придржувате до нив кога работите и од дома. Бидете подготвени да го започнете денот во исто време кога нормално би пристигнале во вашата канцеларија или работно место и ќе го завршите денот во исто време.

Ако има други луѓе во куќата, неопходно е да се најде простор каде најверојатно нема да ве вознемируваат, бидејќи професорот Роберт Кели го откри тоа на потешкиот начин во 2017 година, додека беше интервјуиран во живо од БиБиСи Њуз кога неговите две деца влегоа во собата.

Иако не смеете да излегувате од дома, некои луѓе користат апликации што пуштаат звуци во позадина, како што се воз кој се движи, звуци од природа и слично.

Земете го телефонот
Ако работите од дома, нема да бидете расеани од разговорите на колегите и од друг канцелариски шум, но исто така би можеле да го поминете целиот ден без да зборувате со некој. Одделете некое време да го земете телефонот и да имате вистински разговор, наместо да се потпирате на е-пошта и пораки цело време.

Земајте редовни паузи
Добро е да имате рутина кога работите од дома, но работата не треба да стане монотона и не треба да останете залепени на вашиот екран цел ден. Важно е да правите редовни паузи, да станете од вашата работна маса и да се движите исто како што би направиле во канцеларија.