Коронавирус: Луи Витон започна со производство на средства за дезинфекција
Сопственикот на Луи Витон ќе ги користи производните линии на своите парфеми, за да започне со правење средства за дезинфекција на раце, неопходно за заштита од
коронавирусот.
Производителот на луксузни добра вели дека сака да помогне во справувањето со националниот недостиг на антивирусни
продукти низ цела Франција.
„Овие гелови ќе бидат доставени бесплатно до здравствените власти“, објави во неделата, Луи Витон.
Во Франција досега има 148 смртни случаи од коронавирусот додека пандемијата сè уште се шири.
„Луи Витон ќе ги користи производните линии на своите парфеми и козметички брендови за да произведе големи количини хидроалкохолни гелови“, се вели во соопштението, а производството започна од вчера.
„ЛВ ќе продолжи со оваа заложба онолку долго колку што е потребно, во соработка со француските здравствени власти“, велат од компанијата.
Франција, како и други држави низ светот, ги затвори своите ресторани, кафулиња и продавници
во обид да се избори со вирусот.
Владите ширум светот ги повикаа производителите да помогнат во производство на продуктите што брзо се трошат и се од големо значење во ова време.
(фото *getty images)