Коски и кожа во костим за капење! Преслабата Никол Кидман ги преплаши обожавателите (ФОТО)

Добивај вести на Viber

На семеен одмор во Сиднеј, актерката Никол Кидман е забележана на плажа во костим за капење.

Актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг, ѕвездата на кантри музиката Кит Урбан, уживаа во еден ден на плажа со нивната ќерка Фејт во Сиднеј, Австралија.

Двојката изгледаше многу заљубено, а Никол постојано се смешкаше во необичен костим за капење. 

Едноделниот костим за капење има интересен сино-бел дезен и долги ракави.

Некои обожаватели изјавија дека актерката изгледа неверојатно на 56 години, но повеќето од нив коментираа дека актерката претерала и изгледа како да е на работ на анорексија.


Дополнително, бараат од неа да престане со корекции со козметика, бидејќи станува непрепознатлива.

Никол претходно изјави дека има слабо одржување кога е во прашање нејзиниот режим за нега на кожата, велејќи дека користи крем за регенерација со ретинол навечер. А преку ден користи заштитен фактор 100 и цинк.

Оваа мајка на четири деца вели дека за нејзината врвна форма е заслужна нејзината долгогодишна љубов кон фитнесот и вежбањето и другите физички активности.

Никол со години зборува за тоа како сака да биде активна секогаш кога е надвор, без разлика дали тоа е јога во природа, пливање или прошетка со семејството, но исто така истакнува дека се труди да одржува урамнотежена исхрана.

Не е тајна дека актерката со години ја практикува диетата 80/20, што значи дека 80 проценти од времето јадете здрава храна, додека 20 проценти од времето можете да уживате во специјалитетите што ги сакате.