КРАДЕНИ БЕБИЊА: Како да ги пронајдете?
Иако сме 21 век, темава за жал е актуелна.
БЕБИЊА СЕ КРАДАТ ОД БОЛНИЦИ ВЕДНАШ ПО ПОРОДУВАЊЕ!
На родителите им се кажува дека детето е починато, документи не
добиваат, тело да погребаат не добиваат...
Бројот на семејства на кои ова им е направено е непознат...
При породување, болницата по службена должност поднесува извештај до
матичната служба за родено дете. Во извештајот ги пишува имињата на
родителите или мајката, датата на раѓање и полот на детето. Името е
изоставено бидејки тоа подоцна го пријавуваат родителите.
Доколку детето почине, болницата повторно по службена должност тоа го
пријавува во матичната служба.
Најчесто крадените деца имаат само упис дека се родени, но не и упис
дека се починати.
Прв чекор е да појдете во матичната служба во местото каде што е
породена мајката.
Значи мајката може да е од кој било град во Македонија, но доколку се
породила во Скопје, поднесува барање на шалтер во матична служба во
Скопје.
На шалтерот поднесувате барање за упис во матична книга и упис во
книга на починати.
Документите ќе ги добиете писмено по пошта за максимум 30 дена. Тоа е
законскиот рок.
Мајката може лично да појде на шалтерот, но може и да даде полномошно
некому да го заврши тоа.
Од како ќе пристигнат документите, како што рековме, најчесто
крадените деца не се впишани во матичната книга на починати, следен
чекор е барање за документите од архивата на болницата. Болницата ви
го доставува писмено вашето болчничко досие и досието на бебето.
Доколку го барате детето:
При породување, детето добива матичен број според градот во кој е
роден. При посвојување, датата останува иста, се менува матичниот број
според местото во кое е детето посвоено.
Оваа промена е законска. Во досието на детето ќе стои како забелешка промената.
Во многу случаи на крадени деца има промена на датата, најчесто ги
прават постари.
Мајката која се сомнева во смртта на своето дете има право да направи
проверка и увид во матичната книга на родените и умрените.
Увидот се прави лично во местото каде било раѓањето. Може да поднесете
и писмено барање за да добиете и писмен одговор од матичните служби.
Во исто време имате право да поднесете барање и во болницата каде сте
раѓале и да побарате да ви се даде препис на цела документација за вас
и вашето бебе. И болницата и матичните служби се должни да ви дадат
одговор на вашето барање. Недобивањето на одговор ви претставува основ
за поднесување на тужбата.
По добивање на одговор ќе имате информации за тоа дали треба да се
сомневате во смртта или не. Доколку не е комплетна целата
документација и не постојат уписи за смртта во тој случај треба да
поднесете и барање до погребните служби дали за тој период е извршен
погреб на бебе. Доколку и тука нема податоци во тој случај вашето бебе
е живо и дадено некаде на посвојување.
Целиот случај на крај треба да го пријавите во МВР и Народен правобранител.
Градови во кои што најмногу работела оваа мафија се Охрид, Прилеп и
Штип, но и другите градови не се исклучени.
Ви посакувам многу среќа и успех <3
За Женски магазин, Огнените ѕверови на Дамјана