Кралицата Летиција во чевли кои дури и Меланија Трамп би ги посакала: Шик издание кое ќе се памети со години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сопругата на шпанскиот крал уште еднаш покажа како да се комбинира старото парче облека на сосема нов начин.

Шпанската кралица Летиција вчера во Мадрид ја отвори изложбата „Емилија Пардо Базан. Предизвикот на модерноста“, на стогодишнината од смртта на славниот писател.

За оваа специјална пригода, шпанската кралица одлучи да облече фустан во боја на слонова коска, модел потпишан од Педро дел Хиеро.

Станува збор за парче во кое веќе двапати сме ја виделе Летиција, и тоа двапати во текот на 2019 година. 

Овој пат, кралицата на Шпанија се одлучи за малку поефикасна комбинација, во која дури и елегантниот фустан со А-крој остана во втор план - целото внимание го украдоа салонки со змиска кожа „Магрит“ и торба со идентичен дизајн.

Многумина забележаа дека салонките се слични на моделите што ги гледавме на Меланија Трамп кога беше прва дама на Америка, освен што таа воглавно ги носеше брендовите „Маноло Бланик“ и „Џими Чу“, додека Летиција претпочита малку подостапни обувки од Шпанија.


извор:GLOSSY

фото:Profimedia

Kралицата Летиција во чевли што мора да ги има секоја жена: Дури и од најдосадната облека прават модна магија

Не се срами да облече исто парче двапати: Кралицата Летиција во фустан кој го носеше пред 15 години

Без грешка: Кралицата Летиција во комбинација инспирирана од војвотката Кејт Мидлтон