Кралска сина на велигденските јајца: Користејќи го овој зеленчук ќе добиете неверојатна боја (ВИДЕО)
Велигден се ближи, а домаќинките веќе се натпреваруваат која ќе има најубави јајца на
трпезата. Затоа, оваа година можете да направите кралско сини велигденски јајца
или можеби тиркизна со помош на зелка.
Потребни состојки:
-Црвена зелка
- јајца
- 1 лажица оцет
Начин на подготовка:
Во тенџере ставете вода, лажица оцет и сечкана црвена зелка.
Додадете ги јајцата и варете. Потоа извадете ги јајцата и процедете ја водата.
Вратете ги јајцата во водата во која се варени и држете ги додека не ја добиете саканата нијанса на сина боја. Извадете ги јајцата од водата и избришете ги.
Фото и Видео: Youtube
Декупаж техника на вапцање јајца: Како да добиете уникатни дезени за само 5 минути (ВИДЕО)
Бојадисување на Велигденски јајца со шлаг: Наједноставна техника која дава фасцинантен резултат