КРАЛСКО ПИВО: Хари и Меган гостите на венчавката ќе ги служат од сопственото пиво
Сопствениците на пивара во британскиот град Виндзор, каде во мај ќе биде одржана венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, веруваат дека успеале да направат совршено „кралско пиво“ со кое ќе го зголемат значењето на тој настан, пренесуваат британските медиуми.
Тие произвеле светло пиво кое го нарекле „Harry & Meghan`s Windsor Knot“.
Пивото претставува спој на американски и британски видови хмељ, од кои некои се одгледуваат на кралските фарми во близина на виндзорскиот дворец, и префинет шампањски квасец.
Пиварата Vindzor & Iton ја ограничила количината на пиво која ја лансирала во средата.
Во чест на англо-американската кралска венчавка експерти од таа пивара дизајнирале посебно шише на чија површина се изгравирани симболите на знамињата на Велика Британија и САД.