Красеше преку 200 насловни страни, долго го криеше љубовниот живот: Приказната на најмистериозната манекенка Татјана Патиц

Познатите супермодели Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Татјана Патиц ја сочинуваа познатата петорка која владееше со светските модни писти во деведесеттите.

Речиси сите манекенки останаа во медиумите, горе-долу се активни и денес, но додека порано вчера не се појави веста за смртта на легендарниот модел, многумина се прашуваа каде исчезна убавата Германка.

Оваа русокоса често ја нарекуваа „најмистериозниот супермодел“, бидејќи одамна се повлече од медиумите и реши да му сврти грб на манекенството. Имено, откако стана мајка, Татјана реши да се пензионира и да се посвети на мирниот, семеен живот.

View this post on Instagram

A post shared by Tatjana Patitz (@tatjanapatitz)



Таа го презира своето гламурозно минато до таа мера што одби да се појави во документарен филм за славата и успехот на оригиналните супермодели, додека останатите четири дами прифатија да учествуваат во документарецот. Исто така, таа ретко можеше да се види на јавни настани.

Татјана е родена во Германија, а пораснала во Шведска. Со манекенство почнала на 17 години, а набргу потоа се преселила во Њујорк. Нејзината витка, висока фигура и убаво лице го шармираше светот на модата, а таа стана позната по тоа што можеше да изгледа различно „под секое светло“ и на секое снимање.

Дека била вистинска сензација во 90-тите најдобро говори фактот што красела преку 200 насловни страници на различни престижни списанија, а највпечатлива е онаа на Питер Линберг, од британскиот „Вог“, во јануари 1990 година.

View this post on Instagram

A post shared by Tatjana Patitz (@tatjanapatitz)



Дотогаш таа во неколку наврати се појавуваше на насловните страници на престижни списанија, а имаше можност да соработува со бројни познати брендови, како што се Версаче, Шанел, Валентино, Карл Лагерфелд, Хелмут Ланг, Дона Каран, Жан Пол Готје, Вивиен Вествуд, и со години беше заштитно лице на куќата Жил Сандер.

Како една од „големата петорка“ се појави и во култниот спорт „Слобода“ на Џорџ Мајкл заедно со останатите четири убавици.

На почетокот на 90-тите, Татјана го префрли фокусот на глумата, но тоа не траеше долго, по што сериозно почна да се занимава со еколошки активизам, кој ја задржа фокусирана до последниот ден. Имено, таа во 1989 година купила фарма во Малибу, каде живеела опкружена со животни.

Татјана беше исклучително посветена на одгледувањето на синот Џонас, кој го носи нејзиното презиме, а ништо не се знаеше за љубовниот живот на гламурозната убавица освен што беше во брак со Џејсон Џонсон од 2003 до 2009 година.

- Не сакав да го дадам мојот син на дадилка. Јас го избрав тоа. Сите имаме различни приоритети и тоа беше мое. Не сакав секој ден да сум во авион – изјавила поранешната манекенка пред неколку години.



Во последните неколку години Татјана има направено неколку модни проекти и реклами, но многу внимателно ги одбира и едвај се бројат на прстите на двете раце.

- Имаше гламурозни моменти, но беше и многу заморно. Лошите делови на работата се честите патувања и постојаниот замор. Отсекогаш мислев дека манекенството не сум јас - тоа е само работа. Тоа не ме дефинираше – рече таа еднаш.

View this post on Instagram

A post shared by Tatjana Patitz (@tatjanapatitz)


Татјана Патиц почина на 56-годишна возраст.

Веста за нејзината смрт ја потврдил агент од Њујорк, пишува „Дејли мејл“.



ФОТО:  PrintscreenInstagram