Креацијата за 44. роденден му ја довери на македонскиот дизајнер: Златко Џеј Зи Џеј повторно ја облече Карлеуша (ФОТО)
Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како Џеј Зи Џеј (JZJ) повторно ја облече Јелена Карлеуша - овојпат за нејзиниот 44. роденден.
Поп-ѕвездата на балканската музичка сцена, Јелена Карлеуша вчера, на 17 август, го прослави својот 44-ти роденден. По овој повод таа ги спакува куферите и отпатува на луксузна дестинација со своите ќерки и со мажот кој ѝ е „верен“ со децении.
А за овој посебен ден пејачката имаше специјална роденденска фотосесија за српскиот магазин Стори, каде дивата носеше блескава креација од нашиот дизајнер Златко.
Кон крајот на 2021 година Џеј Зи Џеј создаде креација и за фолк дивата Цеца, а во 2022 година, се пофали дека соработка остварил и со единствената - Јелена Карлеуша.
Веројатно не постои поголемо признание за дизајнер, од тоа позната ѕвезда да носи негова креација. Во тој контекст, голема чест за дизајнерот Јовановски беше што балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ одбрала да носи токму негова креација, и да ја претстави на концерт пред огромната публика. Но со уште поголем ентузијазам, македонскиот дизајнер се пофали и дека Карлеуша одбрала да носи негова креација.
А сега повторно ја имаше таа чест особено за ваква посебна прилика.
Дефинитивно кога си добар во тоа што го рабтиш, и кога на истото тоа му се посветуваш со љубов, тогаш успехот не познава граници - а доказ за тоа е и македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како Џеј Зи Џеј (JZJ).