Кристина е новата Мис на светот: Русокосата убавица ја доби круната во конкуренција со 111 девојки за најубава жена на земјата (ВИДЕО)
Новата Мис на светот е девојка од Чешка. Таа во конкуренција од 111 девојки од целиот свет ја доби круната за најубава. Чехинка е вторпат најубава на светот, првпат таа титула ја осои во 2006 година ја освои Татјана Качарова.
Изборот за Мис на светот 2024 година по 71 пат се одржа во Мумбаи, а во финалето имаше 40 натпреварувачки од целиот свет.
Кристина има 23 години, работи како модел, студира право и деловна администрација, течно зборува англиски, полски, словачки и германски јазик и се залага за одржлив развој преку образованието.
Овогодишните супер финалисти зборуваа за важни женски прашања, а победничката зборуваше за отстранување на стигмата и срамот околу месечниот циклус кај жените, велејќи дека „да се биде жена е подарок“ и дека циклусот не треба да биде табу тема.
Хрватската мисица Луција Бегиќ влезе во 40-те најубави жени на светот.