КУПИВ ОСУМ БУКЕТИ ЗА ДА И ПОМОГНАМ НА УЛИЧНАТА ПРОДАВАЧКА: Хуман гест на Панчо

Добивај вести на Viber

Аренби музичарот и диџеј Владимир Блажев-Панчо,купил осум букети цвеќе, за да ја направи среќна уличната продавачка. 

Својот хуман гест, тој го опипа со статус на неговиот фејсбук профил: Пре неполн час проаѓав во Тафталиџе и на самата улица веднаш до семафорот седеше една бабичка која продаваше цвеќе. 

"Додека седев на семафорот и чекав да ми се уклучи зелено, ја погледнав и видов чесна жена која седи на 50 степени со празен поглед и полно мака во истиот. Ја поминав, но веднаш закочив па се вратив кај неа. Ја поздравив и прашав колку чинат букетите? Го крена погледот и тивко ми кажа: Синко само 100ка, тазе набрани се денес, те молам напрај ми сефте. Само ја гледав, а душава ми се параше од нејзиниот измачен поглед. И реков: Бабо колку букети имаш? 8 синко, во ред дај ми ги сите. Молк.. Молк од 20тина секунди. Синко сигурен си, тоа е многу пари. Јас и одговорив дека знам, но ја излажав дека ми требаат за да не ја навредам или да ме сфати погрешно. Паметна е, веднаш ме провали и ме праша: само кажи ми зошто? Јас немав одговор и се уште се вадев дека ми требаат. Тетката стана и праша дали може да ме гушне, секако се гушнавме и низ насолзени очи ми кажа дека ова никогаш не и се случило и дека не и се верува дека денес ќе си иде порано дома. Ми посака убав ден, Господ да ме благословел и рече дека ова и е еден од најубавите денови во последните неколку години. 800 денари, повторувам ОСУМСТОТИНИ денари, а се радуваше како да и паднало седмицa на лото. Колку е само тажно и жално во какво општество живееме. Направете некого среќен верувајте ми нема поубаво чуство. Доста со политика, омраза и хејтање. Па нема да живееме 200 години АМАН веќе", раскажа Панчо.