Купив венчаница од 200 денари: Изгледав како милион долари, никој не можеше ни да замисли колку платив за фустанот (ФОТО)

Каква царица, фустанот е преубав и доказ дека брендот и цената не значат ништо

Девојка по име Џилијан Линч ги воодушеви луѓето ширум светот поради еден потег што го направи на денот на нејзината венчавка. Имено, таа на своите социјални мрежи откри дека пронашла венчаница за само 3,75 долари, односно 208 дeнари.

Таа се омажи за својот 13 години помлад партнер, а нејзиниот фустан реши да го купи во продавница за штедливи производи. Откри дека никогаш не ни помислила да купи венчаница во салон, бидејќи според неа тоа се „џабе“ фрлени пари.

- Бидејќи се трудам да штедам, само ова беше опција – изјави оваа млада жена.

Џилијан и нејзиниот партнер никогаш не планирале голема венчавка, па се одлучиле за интимна церемонија со само 30 гости во Аризона, каде живеат повеќето од нивните пријатели и семејството.

Оваа девојка редовно ги споделува своите евтини откритија на „TikTok“, а кога станува збор за нејзината венчаница, знаела дека сака нешто едноставно и бело. Дефинитивно не сакала класична бела венчаница.

По пребарувањето во неколку продавници, идната невеста нашла сосема нов фустан – со етикети, еден месец пред нејзината венчавка. Првично по цена од 4,99 долари во продавница за половна облека, цената е намалена на само 3,75 долари, што е околу 200 денари.

@jillianfarhadi


Она што е интересно е дека реалната малопродажна цена за овој модел, свилен фустан, е 220 долари.

Како што вели. венчаницата не била во нејзината големина, па Џилијан платила речиси 30 пати повеќе од продажната цена за да ја стесни - тоа е речиси 110 долари. Го комплетираше изгледот со ретро штикли од долар, со што вкупната цена на нејзиниот невестински изглед достигна 121,75 долари.

Стотици илјади корисници на „TikTok“ го следеа почетокот на нејзината венчавка и ја пофалија заштедата што ја постигна.

Она што можеме да го научиме како порака од оваа приказна е дека не е важно ниту брендот, ниту колку чини нешто, туку да најдеме нешто што навистина ни одговара и во кое се чувствуваме удобно.

Извор: najzena.alo.rs