Ламбе Алабаковски по втор пат татко: Бебето доби прекрасно име

Ламбе Алабаковски по втор пат стана татко. Радосната вест ја сподели на својот инстаграм профил.

Детето го доби името Димитриј. Името означува „посветен на Димитра“, каде Димитра е паганската божица на земјоделието и плодноста, а нејзиното име значи „Мајка Земја“ - од зборовите Δα - земја (на атички дијалект) и Μήτηρ - мајка. Името е со грчко потекло.

„ Добре дојде Димитриј! Во оваа светла седмица уште една радост од Бога, ја споделуваме со Вас“, напиша гордиот татко.

Инаку, поп-пејачот Ламбе Алабаковски со сопругата Магдалена и со синот Михаил околу три години живее на Флорида, во САД.