ЛЕДЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА: Снег, мраз и северен ветер до 90 километри на час!

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски со нови метео детали.

Четврток ни носи краткотрајна стабилизација на времето кај нас.

Под влијание на циклонска активност од запад, и истата ќе биде поврзана со продор на студен воздух од север се очекува во петок попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон сабота и во сабота. Тогаш ќе има обилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи (локално ќе наврнат нови над 35 л/м2 воден талог).

Со приливот на студен воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.  Во сабота снежната граница ќе се спушти дури и под 1000 метри, па така локално провејување на снег за прв пат во оваа сезона ќе има и на некои повисоки градови.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина до 90 км/час).


Продолжува на Фактор.мк