Легендарниот бразилски фудбалер Адријано издржа во брак само 24 дена: Се разведе поради Светското првенство
Пензионираниот бразилски фудбалер Адријано (40) се разведе по 24 дена брак со фризерката Михаела Мескито (25), објави „Екстра Глобо“.
Тие неколку дена објавуваа заеднички фотографии на Инстаграм, а во текот на еден викенд во октомври планираа забава за пријателите и семејството.
Сепак, според бразилските медиуми, Адријано и Мескита се скарале откако поранешниот репрезентативец отишол да ги посети пријателите во Пења, место во јужниот дел на Бразил, за да го гледа натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија на Светското првенство во Катар. По два дена се вратил дома, настанала расправија и со партнерката престанале да се следат на социјалните мрежи.
Адријано пристигна во Интер во 2001-ва година, а во следните пет години напредуваше до статусот на еден од најдобрите напаѓачи во Серија А. Сепак, брзо следеше пад на формата, повреди и смртта на неговиот татко. Тој призна дека станал зависен од алкохол, во кој нашол утеха откако татко му починал. Официјално ја заврши кариерата во 2016-та година.
Извор: sportal.blic.rs