Лејди Гага конечно проговори за врската со Бредли Купер

Добивај вести на Viber

По бројните шпекулации во медиумите за наводната врска помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер, особено по нивниот интимен настап на последното доделување на оскарите, поп-ѕвездата и актерка конечно се огласи во јавноста. Гага ги демантира гласините објаснувајќи дека целта единствено била на публиката да ѝ се пренесе љубов.

- Ова беше тешка задача. Можете да направите било што кога некој верува во вас. Луѓето видоа љубов, а тоа е она што и сакавме да го видат. Толку напорно работевме на тој настап, така требаше и да изгледа. Знаев дека тој има визија и го послушав неговиот совет. Бредли осмисли сѐ што се случуваше покрај клавирот - објасни Лејди Гага во шоуто на познатиот комичар Џими Кимел.

Само еден месец пред доделувањето на најпрестижните филмски награди Гага ја раскина свршувачката со Кристијан Карино.