Лек за зачувување на здравјето на жената: Брусницата има многу придобивки
Брусницата е вреден извор на антиоксиданти и витамин Ц. Брусницата ги зголемува заштитните сили на организмот, го зајакнува имунолошкиот систем, ја спречува појавата и развојот на канцерогени клетки, има позитивен ефект врз здравјето на уринарно-и дигестивниот систем. Овошјето може да се јаде свежо, или пак сушено, но исто така може да се додаде и во десерти или други специјалитети, како и да се користи за вкусен и здрав чај.
Превенција и лек за уринарните инфекции
Ова овошје содржи многу корисни материи кои ќе ви го исчистат уринарниот тракт и ќе ве заштитат од инфекции во оваа област. Особено во летен период кога ваквите инфекции се почести, и типични кај жените, ви препорачуваме да консумирате сушена брусница.
Брусница за здрава цревна флора и борба против килограми
Брусницата содржи огромни количини антиоксиданти и е природен пробиотик, што значи дека ја регулира цревната флора и ја намалува подуеноста. Покрај тоа, таа исто така е добар извор на витамини Ц, Б1, Б2,Б6, па ни помага да го победиме апетитот, а и да го спречиме прејадувањето.
Помага во контролирање на шеќерот во крвта
Брсуницата помага за контрола на шеќер во крвта, поради манганот кој го содржи и кој го овозможува тоа.
Чувар од настинки
Познато е дека кога настинките напаѓаат, брусницата е одличен чувар од нив. Ова овошје содржи многу витамин Ц кој помага во заштита на имунитетот и помага во спречување на настинките во било кој период од годината.
Борец против ракот
Брусницата е богата со полифеонли и исопреноиди, кои помагаат во намалување на ризикот од рак. Многу истражувања покажуваат дека тие се особено ефективни кај ракот на дојката и матката.
Го намалува холестеролот и ги штити крвните садови
Брусницата е богата со уште еден антиоксидант, антоцијанин кој ѝ ја дава црвената боја. Освен тоа, тој помага и за намалување на холестеролот. Освен тоа, тој има антивоспалителни состојки кои ги штитат и крвните садови.