Ленче и Горан Кукиќ: Го добивме тоа што ни недостасуваше

Добивај вести на Viber

Со учеството и победата во шоуто „Никогаш не е доцна“ брачната двојка Ленче и Горан Кукиќ стекнаа голема популарност и надвор од границите на Македонија. Тие се дел од „Балкан Парти“ и најавуваат нови песни и албум за „Гранд продукција“.


-Со оглед на нашето долгогодишно искуство, со настапот во шоуто го добивме и тоа што ни недостасуваше.Тоа е големата сцена, која бара поголема обврска кон работата, за да се претставиме пред голем аудиториум во вистинско светло. Со самото учество и големата гледаност, доаѓа и поголема популарност, која носи повеќе настапи дома и надвор од државата. Бидејќи шоуто се гледа во бившите ју простори и настапите се распространети претежно на Балканот. Гостуваме и во дијаспората под името „Балкан Парти“ каде се дружат и веселат луѓе од балканските простори – вели Ленче и дополнува дека со Горан како победници во „Никогаш не е доцна“ добиле многу.


-Покрај настапите се зголеми и бројот на пријатели и колеги со кои контактираме секојдневно. Неодамна промовирав две песни, „Бисер“ и „Бистра вода“ за која аранжманот го направија нашиот син Иван и Стефан Илиќ. Не очекува снимање нови теми во Македонија и за „Гранд продукција“. Следува песна и соработка со Саша Милошевиќ - Маре. Се надеваме следната година и албум за Гранд – открива пејачката.


С.А.Н

 ФОТО: Ленче Кукиќ официјален фејсбук профил