Ленче Кукиќ победи во шоуто „Никад није касно“, Бејхан Рамов најдобар според публиката

Според  стручното жири и според гласовите на фејсбук- гласовите,  Ленче Кукиќ е победничка во регионалното талент-шоу „Никад није касно“. Нејзиниот сопруг Горан Кукиќ победи во првата сезона на истото шоу. Веќе две децении заедно настапуваат со бендот „Јупитер“.

Уште на еден Македонец, Бејхан Рамов, му беше врачен победнички трофеј откако доби најмногу поени според СМС гласовите. 45-годидишниот ѕидар од Битола во финалето ја отпеа темата „Ти ниси била то“ од Шериф Коњевиќ. 

Ве потсетуваме на еден од настапите на Кукиќ.