Ленче Кукиќ: Утринското кафе со Горан го пиеме во посебни соби, само од една причина

Настапот во шоуто „Никогаш не е доцна“ на брачната двојка Ленче и Горан Кукиќ им донесе голема популарност и надвор од нашите граници. Се зголеми бројот на концерти во просторите на поранешна Југославија и во дијаспората.

Ленче на 16 април, за Велигден ќе настапи на концерт во Лондон.

-Оваа година за мене ќе биде поразлична од изминатите. За Велигден секогаш сме биле заедно целото семејство. Вечерта пред празникот одиме во црква, утредента сме на ручек сме кај родителите. Ги посетуваме и повозрасните во семејството, како и пријателите. Овој пат ќе отстапам од таа традиција- вели пејачката.

Секогаш отворена и искрена за разговор, Ленче ни откри како изгледа еден ден кога се дома со сопругот Горан.

- Утринското кафе кај нас е непредвидливо. Само што ќе се разбудам веднаш почнувам да зборувам и да го планирам денот. На Горан му се потребни два часа да се рассони. Затоа, утринското кафе си го пиеме во различни просториии. Си го решивме проблемот – вели Ленче која за својот сопруг има само пофалби.

-Горан е прекрасен човек, многу посветува внимание на семејството и покажува големо разбирање. Тој е секогаш тука за мене и за нашиот син Иван. Прекрасен родител и сопруг. Кај него ми се допаѓа што е добар човек и секогаш ја гледа позитивната страна на животот – заклучува пејачката.

С.А.Н