Летно пончо + шик панталони: Кралицата Летиција во елегантна бела комбинација која вреди да се ископира

Добивај вести на Viber

Шпанската кралица реши да ја изненади модната јавност со неочекувано парче облека за жешкиот јули!

Вчера кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција од Шпанија го посетија Интернационалниот саем на современа уметност, што се одржа во Мадрид по 40-ти пат.

Самата сопруга на шпанскиот крал изгледаше како уметничко дело, кога се појави во необична облека во која не сме навикнати да ја гледаме. 

Имено, таа носеше впечатливи бели панталони изработени од многу лесен материјал што ја следат линијата на телото, а долу на нозете завршуваат со интересни исечоци. На тоа, таа додаде парче што не е карактеристично за нејзиниот стил - пончо, летен модел потпишан од брендот Он Атлас, за што издвои повеќе од 155 евра. Парчето ѝ даде на Летиција дополнителна доза на софистицираност и елеганција.

Иако би изгледала исто толку одлично доколку се определи за целосно бела комбинација, Летиција реши да го заврши ова издание со беж салонки, а има и бела чанта.

извор:glossy
фото:profimedia