Лиам Пејн ќе биде погребан за еден месец!? Татко му е во Аргентина, еве што се случува

Добивај вести на Viber

Таткото на славниот Лијам Пејн моментално се наоѓа во Аргентина, каде што неговиот син починал откако паднал од третиот кат во хотел под сè уште неразјаснети околности.

Телото на Лијам најверојатно ќе остане во Аргентина уште 10 и 15 дена, додека не се знаат резултатите од токсиколошките тестови, пишува Мирор.

Кога ќе заврши истрагата, посмртните останки на пејачот ќе бидат предадени на неговите роднини и вратени во Англија, објавија локалните медиуми.

Ова би значело дека погребот би можел да се одржи на почетокот на следниот месец, кога неговото тело ќе биде вратено во Обединетото Кралство.

Да потсетиме, полицијата во Буенос Аирес објави дека хотелската соба на Пејн е „во целосен неред“ и дека бројни предмети „биле скршени и расфрлани“. Во соопштението се наведува и дека во внатрешниот двор на хотелот, каде што е пронајдено телото на пејачот, биле пронајдени и шише виски, запалка и мобилен телефон.


Фото: Youtube