Лила и Антониа на едно место заедно: Едната во црна класична комбинација, другата во хит боја за оваа зима
Водителката Лила Филиповска и младата пејачка Антониа Гиговска заедно се појавија на јавен настан. Како прави дами блеснаа во интересни модни комбинации.
Лила се појави облечена во црн стајлинг од глава до пети со специфични високи чизми, кои на врвовите имаат сребрени детаљи. Целосни црни панталони со каиш на половината и црно палто беше изборот на Лила, надополнет со долги висечки црни обетки.
Додека пак младата пејачка во мастило плиш долг фустан со висок шлиц, искомбиниран со високи бели чизми, бунда и мала чанта.
Лила често ја поддржува пејачката, па така неодамна сними видео со најновата песна на Антониа додека e во базен на Бали i изведе и кореографија.
Инаку Антониа на фотографиите каде е фотографирана со нејзиниот тренер Клаудија Адеми напиша дека е главен „виновник“ за тоа како денес таа изгледа, односно и помогнала за 2 месеци да ослабе 33 килограми.
Фото: Инстаграм