Линда Еванс од „Династија“ го прослави 80-тиот роденден: Животот не беше праведен кон неа, но и денес сите ѝ се восхитуваат (ФОТО)

фото:PROFIMEDIA

Актерката Линда Еванс не крие дека живеела тежок живот, но не се навраќа на работите што ја скршиле, туку е горда на себе бидејќи од сѐ излегла посилна и насмеана.

Актерката Линда Еванс на 18 ноември наполни 80 години, а таа и понатаму е дама која мами воздишки!

Ѕвездата на популарната сапуница „Династија“, која ги одбележа осумдесеттите, а во Америка имаше премиера од 1981 до 1989 година, е активна на социјалната мрежа Инстаграм каде сега сподели фотографија од роденденската прослава.

Линда позираше во бел блејзер со пердуви и со светки, покрај бела торта со златни свеќички и роденденски украси. Со широка насмевка, Линда им порача на фановите:

- Ова се 80-те! Моето срце е толку полно... и мојата благодарност толку длабока!

Таа им се заблагодари на своите следбеници за нивните добри желби и истакна дека поддршката од нејзините обожаватели го прави нејзиниот живот комплетен.

- Секоја ваша роденденска желба ми значи многу! Животот е таков подарок - а тоа што ве има толку многу е голем дел за мене - нагласи актерката.


Линда Еванс по повод својот 80-ти роденден даде интервју за германскиот магазин BUNTE во кое истакна дека стареењето не ѝ носи негативни емоции.

- Бројката е голема, но на моите години гледам како на авантура. Возбудено чекам да видам што ми носи животот – нагласи Линда.

На прашањето што не би променила во животот доколку би можела повторно да избере, актерката одговори:

-Повторно би купила куќа во Такома и никогаш не би се откажала од потрагата по љубов. Го сакав секој период и секој предизвик во мојот живот. Страдав многу, но горда сум на тоа.

Актерката со норвешко потекло има интересен, но секако и тежок живот.

Актерката Линда Еванс е родена на 18 ноември 1942 година во Хартфорд, каде што нејзиното семејство се населило по доаѓањето во Америка од Норвешка. За прв пат пред камерите се појави во 1960 година, во серија во која главната улога ја имаше Џон Форсајт, со кој подоцна играше во „Династија“.


фото:PROFIMEDIA

Беше во брак двапати, а љубовниот живот секогаш ја интригираше. Нејзиниот втор сопруг беше Стен Херман, со кого беше во брак од 1975 до 1979 година, додека со Џон Дерек беше во брак од 1968 до 1974 година.

Иако многумина подоцна помислија дека таа го оставила Дерек за Херман, вистината е дека Џон Дерек ја изневерил Линда со младата актерка Мари Кејтлин, која тогаш била само дете и која потоа се омажила за него и го сменила името во Бо Дерек.

- Кога ме остави за Бо, која тогаш имаше 15 години, сакав да умрам. Во тоа време, тоа беше најлошото нешто на светот што можеше да ми се случи - животот без Џон. Тој ми беше се. Бев лута, бев тажна. Ги поминав сите фази, но прекрасен е тој момент кога целосно ќе го исклучите мозокот и ќе ја насочите целата енергија на себе и ќе престанете да размислувате за минатото. Кога ќе почнете да размислувате за иднината, можете да имате прекрасен живот. Секојдневно учам за такви работи – изјави Линда во едно интервју.


Ова не е единствената ситуација во која Линда поднела таков пораз. Како што подоцна кажа, отворената холивудска мизогинија и отфрлањето на жените кои веќе не се во цутот на младоста ја чинело и брак и многу улоги.

- Го почувствував холивудскиот ужас на младоста и убавината на своја кожа. Тогаш имав само 28 години, но се чини дека бев премногу стара за Џон. Едноставно после тоа постојано имав впечаток дека не сум доволно добра и дека треба што поскоро да го подобрам својот изглед – изјави Линда во една прилика.

По пропаѓањето на нејзиниот втор брак, со Стен Херман, таа беше во врска со музичарот Јани од 1989 до 1998 година. Сепак, сето тоа време таа беше во тешка депресија, се бореше со недостаток на самодоверба и токму во тие денови започнаа сè почестите посети на Линда кај естетскиот хирург.

фото:PROFIMEDIA

Од крајот на деведесеттите до 2020 година не сними ниту една улога, а дури тогаш се појави во само една епизода од германската сапуница „Брод од соништата“, додека следната година се појави во филмот „Лебедова песна“.

Ништо повеќе не можеше да ја израдува, а актерката по години психички проблеми стана зависна од лекови против болки. Пред неколку години била уапсена поради возење под дејство на опијати, а полицијата во нејзиниот автомобил пронашла поголема количина апчиња за кои немала рецепт.

Како што се оправдуваше, почувствувала неподносливи болки во грбот, а во моментот на апсењето била толку без памет што на полицаецот наместо возачка дозвола му дала кредитна картичка. Но, таа не заврши зад решетки, туку доби условна казна, а лековите ѝ биле одземени.


Денес, Линда има 80 години и живее повлечено во Такома, пристанишен град во државата Вашингтон. Многу обожаватели на „Династија“ можеби нема да ја препознаат, како поради годините што поминаа, така и поради бројните операции на кои таа беше подложена. Сепак, таа сепак победува со погледот и насмевката, нели?

извор:GLOSSY

(ФОТО) По него лудуваа сите жени: Заводникот од „Династија“ денеска изгледа вака


Беа на врвот на славата па ги следеа скандали: Што прават денес ѕвездите од „Династија“