(ФОТО) По него лудуваа сите жени: Заводникот од „Династија“ денеска изгледа вака

Многумина сè уште добро го паметат времето кога ги чекаа продолженијата на култната серија „Династија“ и ги следеа интригите на богатото семејство Карингтон кои го заведуваа целиот свет. И додека машкиот дел од публиката воздивнуваше по Хедер Локлир, Катарина Оксенберг, Линда Еванс или Памела Су Мартин, жените ги имаа своите машки омилени во една од најпопуларните сапуници на сите времиња. Меѓу нив беше и Џон Џејмс во улогата на Џеф Колби.

Џон Џејмс го толкуваше Џеф Колби, а на аудиција всушност се пријавил за улогата на Стивен Карингтон. Продуцентите заклучија дека улогата на еден од членовите на непријателското семејство Карингтон е подобра за него. Тој беше во нефункционален брак со Фалон Карингтон (Памела Су Мартин), иако нејзината мајка беше негова маќеа.


Актерот е роден во 1956-та година во Минеаполис (Минесота) и е син на популарниот радио водител Херб Оскар Андерсон, а неговиот брат Херб Андерсон, како и Џон, заврши во глума. Дипломирал на Академијата за драмски уметности во Менхетен.

Најголемата слава му ја донесе улогата во „Династија“.


Одби да учествува во програмата „Dynasty Reunion Special'“ во 2006-та година и рече: „Мислам дека е најдобро да ги оставиме луѓето да нè паметат како што бевме, а не како што сме сега“. 


Денес, тој живее во Лос Анџелес, каде неодамна се пресели од Њујорк, со неговата сопруга, поранешната Мис на Австралија 1978-ма година, Денис Ковард и нивните две деца, ќерката Лаура и синот Филип. Неговата черка победи во „America's Next Top Model“ во 2012-та година и тргна по стапките на нејзиниот татко. Таа се појави во филмот „Hello Ladies“.

Насловна фото: Profimedia