Беа на врвот на славата па ги следеа скандали: Што прават денес ѕвездите од „Династија“

Многумина сѐ уште убаво се сеќаваат на времето кога со нетрпение ги очекувавме продолженијата на култната серија „Династија“ , и ги следевме интригите на познатото семејство Карингтон. Серијата се емитуваше од 1981 до 1989 година и имаше енормна гледаност. Денес, актерите на култната серија имаат сосема поинакви приказни.

Познатата Џоан Колинс (86) , алијас Алексис, по „Династија“ објави 13 книги, глумеше во неколку серии и веќе 17 години е во среќен брак со 33 години помладиот маж Перси Гибсон кој е исто така актер. Годинава во април, за малку не загина во пожар во нејзиниот стан во Лондон. Таа е голем поборник против пластичните операции за разлика од нејзината ривалка во серијата, Линда Еванс, која ја глумеше Кристл Карингтон.

Линда Еванс ја сметаа за една од најубавите жени на светот. Денес има 75 години и иако не сака да признае, поради многуте пластични операции изгледа малку изобличено. Пред неколку години беше уапсена поради возење под дејство на опивни дроги. Денес, таа води ланец фитнес центри и напиша неколку книги за убавината и за здравјето. Има партнер кој е анонимен, а се ширеа гласини и дека се венчаа. 

На сексапилната Семи Џо, денес 55 годишната Хедер Локер, улогата во „Династија“ ѝ отвори пат во многу други серии како „Мелроус плејс“. Зад себе има два пропаднати брака, со Томи Ли и со Ричи Самбора и со години се бори со зависноста и имаше проблеми со законот. Минатата година два пати беше уапсена, поради нападот на својот партнер и напад на полицаец додека била пијана. По тој случај, побара помош во центар за ментално здравје, и лежеше на псијихатрија. 

Памела Сју Мартин остана во сеќавање по улогата на Фелон Карингтон. Денес 64 годишната актерка помага на организациите кои се занимаваат со заштита на ретките животни и понатаму глуми. Еден од поновите филмови во кој ја гледавме е „Мојот божиќен принц“ од 2017 година.

Стивен прво го играше ал Корли 

Стивен Даниел Карингтон, кој на почетокот го играше Ал Корли, а потоа Џек Колман, меѓу првите ја играа улогата на хомосексуалец, што во тогашно време беше преседан во Тв светот. Корли серијата ја напушти во 1982 година, незадоволен од тоа што сценаристите во подоцнешните епизоди се умилкувале на хомофобичната публика. Џек Колман нижеше улоги во многу комедии и крими-серии. Во брак е со актерката Бет Тусен и ја имаат ќерката Тес. 

Вториот Стивен.-Џек Колман 

Џон Форсајт, познат по улогата на Блејк Карингтон во април во 2010 година ја загуби битката со ракот во 92 година од животот. Иако многумина велат дека „Династија“ му ја одбележа кариерата, други велат дека беше пооригинален по гласот на Чарли во „Чарлиевите ангели“. 

Џон Форсајт почина во 2010 година од рак 

Фото: ДПА, Пиксел