ПроКредит Банка доби зголемување на кредитниот рејтинг од ББ+ на БББ-
На 28ми јуни 2019 година, меѓународната агенција за кредитен рејтинг “Fitch Ratings”, го зголеми долгрочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје од “ББ+” на ’’БББ-‘’ со стабилен изглед. Зголемувањето на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат на зголемиот рејтингот на С.Македонија на “ББ+”.
ПроКредит Банка АД Скопје е единствената банка на пазарот која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Fitch Ratingsи сеуште има највисок рејтинг што една компанија може да го има во рамки на С.Македонија.
Согласно извештајот наагенцијата Fitch Rating, објавен на 28ми јуни 2019 година, високиот рејтинг на ПроКредит АД Скопје се должи на стабилната поддршката која банката ја добива од својот единствен акционер - ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт Германија и кредитен рејтинг БББ со стабилен изглед.
Покрај акционерската структура, во извештајот од агенцијата Fitch Ratings е напоменато дека рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат и на високо квалитетното кредитно портфолио на банката, стабилното ниво на капитал и специјализираниот фокус кон мали и средни претпријатија(МСП). Заклучно прв квартал 2019 ПроКредит Банка АД Скопје има 11% пазарен удел во кредитно портфолио на не-финансиски институции во С.Македонија и 8% пазарен удел во депозитното портфолио токму од овие компании. И покрај намалувањето на маржите на пазарот, ПроКредит Банка АД Скопје продолжува и понатаму да остварува задоволително ниво на профит и фокус за соработка со поголеми и формализирани МСПкои придонесуваат за развој на економијата на пазарот.
Квалитот на кредитното портфолио на банката е неколку пати подобро од банкарскиот сектор и заклучно 2018 година стапката на нефункционални кредити изнесува само 1,5%. Овие резултати се должат на високо квалитетната анализа на кредитните апликации, континуирани инвестиции на банката за обука и развој на своите вработени, како и фокусот за градење долгорочни односи со клиентите и постанување банка-партнер за нивното целокупно банкарско работење.