ЉУБОВ ИЛИ СТРАВ ОД НАПУШТАЊЕ?

Дали љубовта значи и страдање, потиснување на самиот себе, покорување…???

НЕ, ЉУБОВТА треба да е нешто најубаво, чувство кое трепери во нас, чувство на исполнетост и среќа дека припаѓаш некому и тој тебе со тело и душа. И така тоа чувство не води кон заеднички живот и формирање семејство и наместо да се зголемува почитта во еден момент се исчезнува преку ноќ. Човекот кој бил олицетворение на збир на најубави чувства се преобразува во некој кој Ве навредува, омаловажува, а Вие и понатаму се трудите да ги барате трошките љубов поради кои сте заедно......

А зошто? Заради страв, страв да се остане сам, страв што ќе кажат другите, финансиски страв за опстанок, жртва за децата…и така продолжуваме да чекориме секојдневно правејќи сè за другиот да биде задоволен со надеж дека можеби љубовта ќе исплива на површина. Се до наредната навреда со толку сочна гадост која како нож се зарива во срцево и тоа крвави, а јас по 1000 ти пат се прашувам: Ова ли е љубовта или сето ова го поднесувам поради некој неразумен страв?