„Љубов моја Василка те сакам, ти си мојата единствена“: Шеф Марк и неговата сопруга прославија 3 години во брак
Шеф Марк со неговата сопруга македонката Василка Димовска прославија три години брак.
Марк и Василка се земаа во 2021 година, тие направија мала свадба на која имало зурли и тапани, инструменти кои се неизбежни на една македонска традиционална свадба.
По повод годишнината Марк на сопругата и посвети емотивна порака:
„Сезоните минуваат, но нашата љубов расте. Секој ден што минува е како нова приказна. Ѕвездите светат на небото на нашите животи. Три години среќа како мелодија. Рака под рака, за вечноста. Љубов моја Василка те сакам, ти си мојата единстевна. Три години, заедно засекогаш. Среќен роденден и среќна годишница“.
Шеф Марк на македонската јавност и стана познат по уникатните, елегантни и уметнички кулинарски дела, кои ги покажа во телевизиското кулинарско шоу „Брза кујна“, но и по тоа дека јавно споделува колку многу ја засакал Македонија.
Фото: ФејсбукСе ожени Марк, шефот од Брза кујна: Мала, но типична македонска свадба