Љубовната приказна на Бекамови: Ги разделуваа многупати, а слават 24 години брак

Добивај вести на Viber

Дејвид и Викторија Бекам прославија 24-годишнина брак

Нивната годишнина се совпаѓа со четврти јули, а по тој повод Дејвид објави фотографија од младоста на својот профил на Инстаграм посветена на својата најголема љубов.


Круна на нивниот брак се четирите деца: Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Харпер.

Многупати медиумите ги разведуваа, а моќната двојка секогаш ја докажуваше својата хармонија во бракот.

Викторија Бекам неодамна зборуваше отворено за тоа како таа го балансира својот личен и професионален живот.

„Се обидувам навистина, навистина тешко. Се обидувам најмногу да бидам најдобра мајка ", рече Викторија на „Самитот за жени на Форбс“ во Њујорк.

„Се обидувам да бидам најдобра сопруга и најдобар професионалец. Кога ќе се вратам дома, се обидувам да го спуштам телефонот и да трошам време со децата и да минувам време со Дејвид ", продолжи таа.


Таа, исто така, го пофали нејзиниот сопруг, велејќи: „Имам поддршка од еден неверојатен сопруг. Ние навистина сме рамноправни со сè што правиме со децата дома", рече Викторија. „Кога сум на пат, тој е оној што ги подготвува децата за училиште и готви".

Двојката се запознала на настан на Манчестер Јунајтед во 1997-ма година. Дејвид играл за тој фудбалски тим во тоа време, но сѐ уште не бил една од најпрепознатливите ѕвезди во овој спорт.

Имаа раскошна свадба само две години подоцна, во 1999-та година во ирски замок. Минатата година двојката ги обнови своите завети на релативно приватна церемонија.

Во интервју за „BBC Radio 4’s Desert Island Discs“, Дејвид се отвори за специјалниот ден, истовремено признавајќи дека „Бракот е тежок понекогаш", додека тој и неговата сопруга продолжуваат да работат напорно на нивната врска.

*Викторија поради неа доживеа траума: Како сега изгледа љубовницата на Дејвид Бекам?