Љубовта победи: По бурниот период, Тара Симов се смири со своето момче, па објави дека повторно е бремена?

Добивај вести на Viber

Ќерката на познатиот фудбалски голман и тренер Горан Симов,  Тара Симов го крсти својот син Николај, се смири со момчето Данило и изгледа прекрасно во неговата прегратка.

Изминативе денови доста се пишуваше за Тара и нејзината  бурна врска со избраникот Данило, со кој пред нешто повеќе од еден месец го доби синот Николај.

Имено, иако се изгледаше идеално, но тие раскинаа набрзо по нејзиното пораѓање, а и од двете страни имаше остри зборови. Поранешната улесничка во реално шоу го обвини својот партнер дека продолжил да живее ергенски живот, што многу и пречело, па ставиле точка на врската, а Тара и нејзиниот син се отселиле од семејниот дом.

Сепак, се чини дека се било само избрзана реакција, а новопечените родители вчера ги решиле проблемите и го крстиле наследникот во катедралната црква во Ниш. Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од светиот чин, а меѓу најкоментираните беше заедничката слика на Тара и Данило, на кои тие се насмеани и видно среќни.

Тие позираа во прегратка, а на една од сликите е и нејзината свекрва, која привлече големо внимание во јавноста кога за прв пат се појави на денот на излегувањето на Тара од породилиштето.

На прославата беше и нејзиниот татко Горан.

Тара Симов го крсти својот син, а за оваа прилика избра долг бел фустан, а имаше и бел шал преку глава за време на чинот, додека нејзината свекрва облече Барби верзија и се појави во краток розов фустан, кој го усогласи со штикли во иста боја.

Фото:tarasimov/instagram