Љупчо – Бубе Петрушевски: Господ е голем, се надевам ќе биде како што треба
Љупчо- Бубе Петрушевски, или „Бубе Ин“, како што му се вика студиото, е стилист со долгогодишно искуство и еден од најбараните фризери во Скопје. Веќе неколку години водеше битка за своето здравје, а за 7.дена.мк откри за болеста на која и пркосеше заедно со своите најблиски.
– За мене воопшто не е табу отворено да зборувам за мојата болест: дијагностициран ми е вирусен енцефалит, кој за жал кај мене се манифестираше со парализа на целата лева страна, со што доста ми го отежна функционирањето, ама Господ е голем, па се надевам дека еден ден ќе биде како што треба…. Беше тешко, поминав претешки три месеци на Инфективната клиника, благодарение на тимот лекари и сестри, кои целосно се посветија на моето опоравување, успеав да се изборам со најлошото. Потоа следеа секакви терапии и физикални третмани, посета на центри надвор од државата и се што ќе допреше до мене, како информација дека е добро за моето опоравување, го консултирав и користев. - раскажа Бубе.